Зошто фасадни тули Terca?

При градењето нови згради, постојат разновидни можности за примена на фасадна тула, без разлика дали станува збор за семејни куќи или за станбени згради.

Фасадните тули можат да се користат за:

  • ѕидови со шуплини;
  • дизајнирање естетски привлечни надворешни ѕидови – нијансите на боите создаваат контрасти така што секоја нова перспектива дава нов изглед;
  • декоративни внатрешни ѕидови;
  • камини;
  • ѕидови во градини.

Во зафатите за реновирање често се користат т.н. „slip“ тули, во комбинација со поврзан систем за топлинска изолација. На тој начин можете за кратко време да ја збогатите вашата невпечатлива фасада, како во поглед на структурата, така и во поглед на бојата.

Истото важи и за нестанбениот градежен сегмент. Популарно решение во тој сегмент се вентилирани ѕидни завеси со керамички фасадни елементи.

Слични статии