Заштита на вашите податоци

Wienerberger Заштита на вашите податоци
Заштитата на податоците и Вашата приватност се важни за Wienerberger и затоа секогаш водиме сметка за тоа во текот на нашето работење.

Во оваа изјава ќе Ве информираме кој вид податоци за компанијата Wienerberger можете да ги пронајдете на нашите веб-страници и за кои цели можат да се користат тие.

База на податоци за корисниците

1. База на податоци за корисниците

Ако се регистрирате на веб-страниците на Wienerberger или ако нарачате некои од нашите промотивни материјали, ние ќе ги земеме информациите што сте ни ги дале за себе, како: име, е-меил, Вашата адреса или адресата на Вашата компанија. Собраните податоци ги користиме исклучиво за да можеме да Ви ги понудиме нашите услуги или за да Ви ги испратиме бараните промотивни материјали. Доколку се согласите, ќе ги искористиме Вашите лични податоци за по пошта или преку е-меил да Ви испратиме интересни информации за корпорацијата Wienerberger.

Секако, во секој момент можете да ја повлечете Вашата изјава на тој начин што ќе испратите порака преку е-меил во која ќе наведете дека повеќе не сакате да добивате информации за Wienerberger, на адресата office.mk@wienerberger.com .  

Злоупотреба на личните податоци

2. Злоупотреба на Вашите лични податоци

Wienerberger во ниту едни околности нема да ги пренесува добиените лични податоци на трета страна или да ѝ дозволи на трета страна пристап до добиените лични податоци. Вашите податоци ќе се користат само интерно од страна на други организации и компании од групацијата Wienerberger или од страна на овластена трета страна за пренесени услуги за рекламирање или други сервисни услуги. Меѓутоа, овластената трета страна не смее да ги користи добиените податоци за свои потреби, ниту смее да ги пренесува понатаму.

Технички податоци

3. Технички податоци

Ако ја посетите нашата веб-страница, нашиот веб-сервер ќе ги забележи вообичаените технички податоци што ќе бидат анонимни и ќе се користат како база за нашата статистика, врз основа на која ќе можеме континуирано да ја подобруваме достапноста на нашите веб-страници.

4. Линкови

Оваа изјава за приватноста важи само за веб-страниците на Wienerberger, а не за останатите компании на чии страници се поврзуваме.

Сакате да знаете повеќе?

Доколку имате уште прашања или сакате повеќе информации во врска со дадените податоци, Ве молиме испратете ни писмо или е-меил. Ќе се потрудиме да одговориме што е можно побрзо. Ве молиме користете го образецот „Пишете ни“ на врвот на нашата страница.

Слични статии