Дополнителни елементи Tondach за покрив

Уживајте во сигурноста и долготрајноста на квалитетот на Вашиот покрив со сеопфатните и оригинални решенија Tondach за покрив. Глинените ќерамиди Wienerberger ги обединуваат најновата производствена технологија и високата еколошка компатибилност.

Иновацијата игра значајна улога

Wienerberger континуирано настојува да ги задоволи сè поголемите барања – а во тој поглед, иновацијата игра значајна улога.

Сигурност за поткровјето

Иновативните покривни фолии Tondach се решение за секундарниот покрив. Високопропусни на пареа, покривните фолии што се непропусливи на вода и ветер се направени од врвни материјали. Покривните фолии Tondach обезбедуваат максимална сигурност и исплатливост. Тие се постојани и при УВ-зрачења,

Температурата на постојаноста е во распон од -40 до +100°C

Носачи на соларни и фотонапонски плочи

Tondach нуди висококвалитетно и сигурно решение за многу едноставно прицврстување на сите соларни и фотонапонски панели.

Осветлување на таванот и на излезите на покривот

За потребите на чувствителните мрачни простории, Tondach нуди широк асортиман на многу елегантни решенија на покривни прозорци и покривни излези.

Покривни отвори и вентилација

Системското решение Tondach е составено од: цевки, ќерамиди, флексибилни ќерамиди и манжетни. Трајно штити од протекување вода низ покривните празнини. Вентилацијата е од надворешната страна на покривот, незабележителна и дискретна. Отворот има излез на воздух со површина на пресекот од 150 cm2. Приклучокот за хидроизолација не пропушта воздух и вода.

Решенија за било, гребен, проветрување на покривот и заштита од птици

Решенијата Tondach за било и гребен на покривот се целосно сигурни. Тие обезбедуваат една многу важна работа, а тоа е дишење на покривот. Ќерамидите за било многу хомогено се вклопуваат во визуелниот идентитет на покривот. Било-гребенските елементи ги решаваат проблемите со влагата.

  • Вентилирана алуминиумска лента во ролни за зацврстување на гребенот и билото на покривот, со патентирана технологија Roof Grip Extreme од компанијата Wienerberger – ја претставува новата генерација на ленти за зацврстување гребени и била.
  • Технологијата е развиена и испитана за употреба на керамички површини. Резултатите од испитувањето на цврстината при истегнувањето, покажале тројно поголема цврстина на спојот на глазираните, ангобираните и природно црвените површини во споредба со стандардниот комерцијален бутил.

Надворешни покривни линии

Познато е дека билото и рабовите на покривот се најизложени на ударот на силните ветришта и на другите временски непогоди. Керамичкиот прибор Tondach, почетните и завршните билни плочки, заедно со рабната ќерамида се совршено и сигурно решение против дождот, градот и снегот.

Заштита од силни ветришта

Закопчувалката Tondach против невреме и завртките за прицврстување со запечатување гарантираат сигурност според најновите градежни норми.

Заштита од снегот што паѓа од покривот

Снегобраните Tondach и дополнителната опрема се грижат за сигурноста и го спречуваат неконтролираното паѓање на снегот од покривот. Снегобраните хармонично и незабележително се интегрираат на ќерамидата, без да го нарушат изгледот на покривот.

ТОНДАХ природно убави и долготрајни покриви!

Tondach ви нуди различни решенија нови градби и санации. Посетете ја веб страната на Tondach  и пронајдете ги оригиналните системски решенија.

www.tondach.mk

Слични статии