Градете со тулата Porotherm PROFI и на зима до -5 °C

Porotherm kuća
Градење во текот на сите четири годишни времиња, само со Porotherm PROFI & DRYFIX.extra!

Градењето со тулата Porotherm PROFI и со лепилото DRYFIX.extra е многу брзо, едноставно и економично, може да се гради до -5 °C, а уште едно обележје на новиот систем за градење Porotherm PROFI DRYFIX.extra се чистите градилишта.

Главни предности на Porotherm PROFI Dryfix.extra
  • Минимум 50% заштеда на време во однос на класичното градење, пократко време на градење (побрзо изведување на работите);
  • Ѕидање и во зима до -5 °C;         
  • 30% подобри топлински карактеристики;
  • максимална топлинска заштита за избегнување на „ладните мостови“
  • максимална употреба на апаратите за работа – мешалката станува дел од минатото
  • Чисто градилиште;
  • Особено висока чистота, поради својството на силна лепливост;
  • Визуелно убав блок без малтерска грешка;
  • Оптимална подлога за гипс;
  • Едноставно ракување;
  • За сите дебелини на ѕидови од 8 до 50 cm.
  • Куќа POROTHERM

1. Поставување на хоризонтална хидроизолација

По градењето на темелите и подните плочи, треба да се постави хоризонтална хидроизолација за ѕидовите да не ја повлекуваат влагата од земјата. Тоа е особено важно, затоа што така се спречува скапото дополнително санирање на влажните ѕидови. За хидроизолација се употребува современа лепенка, која се поставува на слој ладен премаз. На ладниот премаз хидроизолацијата најпрво се поставува преку темелите под ѕидовите, така што кон внатрешната страна треба да биде поширока за околу 15 cm од ѕидот, за подоцна да се преклопи со изолацијата на подот.

Ѕидање на првиот ред тули

  • Пред почетокот на ѕидањето потребно е тулата добро да се навлажни и да се исчисти од прашина (со ѕидарска четка) за да се оствари подобра врска меѓу врзувачкото средство и тулата.
  • На сè уште влажниот слој малтер за израмнување, го ставаме првиот ред тули Porotherm PROFI.
  • При поставувањето на првиот ред тули, потребно е да се внимава тулата да се постави правилно, да се провери рамноста на површината и доколку е потребно, да се корегира со употреба на либела и гумен чекан.
  • ВАЖНО! Тулите за ѕидање не смеат да се кршат со ѕидарски чекан, затоа што распрснувањето на кршот не може да се контролира.
  • Ѕидните елементи Porotherm треба да се сечат со електрична или со моторна пила за сечење тули или со машина за сечење тули.

2. Израмнувачки слој малтер

По поставувањето на лепенката, треба да се обележи положбата и дебелината на ѕидовите според проектот. Пред подигнувањето на ѕидот, треба да се израмни подлогата. Поаѓајќи од највисоката точка за првата хоризонтална спојка на тулата, се поставува израмнувачки слој малтер со дебелина од околу 1,5 cm. Добро е да се користи уред за израмнување (специјално за дупчена тула – Nivelliermax), кој овозможува милиметарски точно отстранување на слоевите малтер од мерната летва. За израмнувачкиот слој малтер препорачуваме употреба на топлински малтер Porotherm TM 50.

Проверка на хоризонталноста на првиот ред тули POROTHERM PROFI

3. Ѕидање на првиот ред

Првата хоризонтална спојка се поставува на сè уште влажниот слој израмнувачки малтер. Многу е важно со најголемо внимание да се изведе прецизно поставување на првата хоризонтална спојка на рамната површина, потоа да се испита рамноста на површината и евентуално да се корегира со помош на 3-4 m долга летва. Тулите се редат една до друга, со систем на спојување

Лепило DRYFIX.extra

4. Подготовка на Porotherm DRYFIX.extra

Дозата од DRYFIX.extra потребно е пред употреба да се протресе околу 20 пати (пред секоја употреба) и да се стави на адаптерот на пиштолот. Потоа свртете ја навртката и држете на чкрапалото минимум 2 секунди (за цевката на пиштолот да се наполни, дозволете малку од лепилото да истече надвор). Излегувањето на лепакот се регулира со чкрапалото.

Нанесување на лепилото DRYFIX.extra

5. Ѕидање со тулите Porotherm PROFI

Површината на тулите на која ќе се лепи исчистете ја од прашина и добро навлажнете ја. На нивелираната основа нанесете паралелно две линии лепило со дијаметар од околу 3 cm и на растојание од 5 cm од работ на тулата. При ѕидови дебели 10 и 12 cm, се нанесува само една линија лепило.

Дупчената тула поставете ја пред стврднувањето на лепилото. Откако ќе се постави тулата, веќе не смее да се поместува. По употребата, пиштолот да се наполни со пена. На пиштолот секогаш оставете една наполнета доза. По употребата, дозата секогаш оставете ја во исправена положба.

Слични статии