Градежна книга

Wienerberger Градежна книга
Во градежната книга се впишуваат точните податоци за измените и количествата на реално изведените работи, според соодветните ставки од трошковникот и служи како доказ (документ) за пресметка и наплата на работите.

  • Изведувачот е должен да води градежна книга.
  • Градежната книга се води во два примерока, така што секоја ставка од трошковникот има свој посебен лист.
  • По завршената пресметка, еден примерок од градежната книга му се предава на нарачателот.
  • Податоците за градежната книга заеднички ги собираат надзорниот инженер и раководителот на работите на изведувачот, па на крајот на месецот се впишуваат количествата на работите извршени тој месец, со сметкопотврда за количествата и ја потпишуваат веродостојноста на податоците.
  • Сите количества наведени во градежната книга што дополнително не можат да се проверуваат, а ги заверил надзорниот инженер, се сметаат за конечно утврдени количества.
  • По потреба, во градежната книга се цртаат и соодветни скици.
  • Сите исправки во градежната книга мораат да бидат двострано потпишани.

Слични статии