Градежен дневник

Wienerberger Градежен дневник
При градењето на градбата, т.е. за изведувањето на одредени работи за кои е потребна градежна дозвола, изведувачот е обврзан да води градежен дневник.

Градежниот дневник е документ за текот на градењето, со кој се докажува усогласеноста на условите и начините на градење, односно изведувањето на одредени работи со претпоставките и барањата од главниот проект, изведбениот проект, прописите и нормите.

Ако во градењето учествуваат два или повеќе изведувачи, градежниот дневник го води изведувачот одговорен за меѓусебното усогласување на работите.

Градежниот дневник се води во текот на градењето за целата градба, од денот кога се почнало со подготовките до денот на завршувањето на градбата.

Градежниот дневник, односно посебниот градежен дневник (во понатамошниот текст: дневник) го води одговорното лице што го води градењето, односно поединечните работи (главниот инженер на градилиштето, инженерот на градилиштето и раководителот на градилиштето).

Одговорното лице што го води градењето и главниот надзорен инженер, односно надзорниот инженер со потпис на секоја страница ја потврдува точноста на впишувањата во дневникот.

Градежниот дневник се води во форма на поврзани книги

Податоците впишани во градежниот дневник не смеат да се корегираат, да се менуваат или да се дополнуваат. Евентуалните корекции, дополнувања или промени се внесуваат во дневникот со ново впишување.

Во градежниот дневник секојдневно се впишуваат податоци за:

  • Текот и начинот на изведување на работите, како и сите тие што во следните фази нема да можат да се прегледаат (темелните јами и подлогите пред продолжувањето на работите, покривки и арматура пред бетонирањето, постелка пред изградбата на горниот слој, ѕидани елементи пред малтерисувањето, инсталации пред затворањето на изолациите, пред затрупувањето и сл.);
  • Земање примероци од материјалите за испитување;
  • Испитувања на градилиштето;
  • Резултати од испитувања и атестирања;
  • Евентуални природни случувања и несреќи;
  • Пристигнувањето, потеклото и квалитетот на материјалите и опремата што се испорачуваат на градилиштето;
  • Висинските точки, исколчувањата и сл.
  • Испитувањето на теренот, прегледувањето на градилиштето според инспекциските органи и нивните наоди;
  • Другите работи и настани што имаат влијание на сигурноста и квалитетот на работите.

Понатаму, се впишуваат сите податоци што можат да служат како доказ при пресметката на изведените работи, како што се податоци за:

  • Измените и дополнувањата на проектот;
  • Застоите и прекините на работењето;
  • Работите што се пресметуваат во режиски часови;
  • Непредвидените и дополнителни работи;
  • Подземните води;
  • Менувањето на условите за работа;
  • Бројот на вработени и нивната квалификациска структура;
  • Механизацијата на градилиштето;
  • Котите на ископот;
  • Категоријата на земјиштето;
  • Променетите услови за работа и др.

Слични статии