Глинени ќерамиди

За многу луѓе, покривот значи чувство на сигурност и на шарм, затоа што тој е најистакнат, но и заштитен елемент на зградата.

Глинените ќерамиди нудат бројни можности

Глинените ќерамиди ја штитат зградата, даваат можност за изразување на регионалниот идентитет и културното наследство, естетски се и трајни. Нашите глинени ќерамиди ги задоволуваат барањата на современата градба на куќа, лесно се обработуваат и завршно се обработени со бои отпорни на УВ-зраци.

Глинените ќерамиди се користат за семејни куќи и станбени згради, деловни и индустриски објекти, како и за зафати при реновирање. Не е важно дали треба да се покрие двоводен покрив, рамен покрив, четириводен покрив или сложен покрив, сите форми на покрив можат да се изведат и може да се постигне посакуваниот ефект – од современ до традиционален и од класичен до екстравагантен.

Покривите се одраз на методите на градење, архитектурата и градежната технологија во одредени децении.

Целта е со обновата на секој покрив да се зачува изворниот изглед на зградата што вреди да се заштити, а сепак притоа да се задоволат постојните стандарди.

Ние, со нашите производи, остваруваме визуелен впечаток на безвременски модерен покрив заедно со препознатливите карактеристики на природната глина. Привлечноста на овој материјал, во комбинација со другите визуелни елементи, лежи во неговата суптилност, симетрија, природна елеганција, прилагоденост на човекот и безвременската совршеност. Оваа линија на производи се движи од современите рамни ќерамиди со „енгоба“ до природно црвени рамки ќерамиди какви што се користат со векови.

ТОНДАХ природно убави и долготрајни покриви!

Tondach ви нуди различни решенија нови градби и санации. Посетете ја веб страната на Tondach  и пронајдете ги оригиналните системски решенија.

www.tondach.mk

Слични статии