Глинени блокови – нашите најнови достигнувања

Глинените блокови Porotherm ги обединуваат современата производствена технологија и високиот степен на компатибилност со околината.

Нашата одговорност

Како водечки меѓународен производител на керамички производи, сметаме дека наша одговорност е постојано да се развива и да се доградува градежниот материјал за да ги задоволиме сите барања на современата архитектура и на градежничката технологија, а исто така и со иновации да внесуваме свежи поттици. На пример, наши подрачја на развој се топлинската заштита, звучната изолација, отпорноста на земјотреси, едноставноста на употребата и одржливоста.

Глинени блокови со изолациско полнење

Новата програма на глинени блокови е исполнета со минерална волна или перлит, природен изолациски материјал што обезбедува максимална топлинска изолација на надворешните ѕидови. Тие се особено приспособливи за нискоенергетски и пасивни куќи.

Со ова уникатно решение не е потребна никаква дополнителна изолација и тоа овозможува прецизна, чиста и брза градба. Освен што се незапаливи, глинените блокови со изолациско полнење штитат од зрачење и се особено трајни, со речиси никаква потреба за одржување во следните децении.

Енергетски ефикасно реновирање

Новиот систем WDF за топлинска изолација е идеален за енергетски ефикасно реновирање. Станува збор за полна тенка тула исполнета со минерална волна или со перлит, природен изолациски материјал. Овој одржлив изолациски систем е развиен особено за енергетски ефикасно внатрешно и надворешно реновирање на постоечките згради. Едноставно се поставува, особено кога се користи како внатрешна изолација, идеален е за реновирање на заштитени историски градби, обезбедува висок степен на заштита од пожар, многу е траен и еколошки не е штетен.

Рамно брусени блокови

Рамно брусените блокови се поставуваат на нивната носечка површина и завршно се обработуваат со помош на прецизна, компјутеризирана постапка на рамно брусење. Затоа, лесно и брзо можат да се поставуваат, со висок степен на прецизност. Дополнителна предност е можноста за користење на тенок малтер за подлога. Освен тоа, рамно брусените блокови на компанијата Wienerberger имаат добри својства на топлинска изолација.

Dryfix

Ѕидарското лепило Dryfix обезбедува чисто и сигурно поставување на рамно брусените блокови, како и брз процес на градење. Повеќе не е потребен никаков малтер. Дополнителна предност е што блоковите можат да се поставуваат и на температури под нулата.

Систем на ѕидови за греење на Wienerberger

Високата способност на ѕидовите од тула да ја чуваат топлината, просториите за живеење на лето ги прават пријатно свежи, а на зима рамномерно топли. Ова позитивно својство сега може да се регулира и да се засилува со помош на системот за греење ѕидови на Wienerberger.

Овој систем има повеќе предности. Не се губи простор за радијатори, вградувањето е брзо и едноставно и речиси нема натрупување на прашина, што овој систем го прави совршено погоден за луѓето што страдаат од алергии. Идеален е за нискотемпературни системи како што се системите за греење преку топлани, топлотни пумпи и соларна топлинска енергија. Потрошувачката на енергија за греење може да се намали до 25%, а системот исто така може да се користи и за ладење.

Слични статии