Врвна тула за градење – ѕидови што штедат енергија

Porotherm 30 opeka cigla
Porotherm 30 Profi – исклучителна топлинска изолација, акумулација на топлина, сигурност и квалитет

Оптимални производи

Поради изразено високите изолациски својства, заштедата на енергија за климатизација и за греење за 40%, намаленото време за градење до 50%, како и поради оригиналниот систем на отпорност на земјотрес, претставуваат најдобра тула за изградба.

Исклучителна топлинска изолација

Иако на подрачјето на  Медитеранот, поради просечно потоплите и пократките зими од тие на континентот, веќе со децении се ѕида со блок со дебелина од 25 cm, реалноста укажува дека поради сè подолгите и сè потоплите лета и зголемените потреби за климатизација, оптималната тула за поднебјето на Медитеранот е иста како и таа за градење на континентот; 30-сантиментарскиот блок Porotherm Profi или Porotherm S Plus, кој одлично изолира, штеди енергија и има посебен состав за отпорност на земјотрес.

Квалитетот на живеењето

Заштедата на енергија за климатизација на лето и зачувувањето на топлината за време на зимските бури, како и отпорноста на земјотрес, се условите кои поради специфичноста на поднебјето и еколошките услови би требало да ги оствари секоја медитеранска зграда.

Освен што ги задоволуваат сите топлинско-изолациски услови во градежништвото, блоковите Porotherm се однесуваат како акумулатори на летната топлина што ја испуштаат на зима, додека во жешките месеци ја задржуваат свежината. Природните „клима-уреди“ Porotherm создаваат единствена пријатна атмосфера за домување и придонесуваат за врвен квалитет на живеењето во становите и куќите градени со Porotherm.

Заштита при земјотреси

Дупчената тула Porotherm Profi со специјалното врзувачко средство (лепило) и системот на малтерски џебови кај тулата Porotherm S Plus овозможуваат подобро поврзување на тулите и до 5 пати поголема отпорност на зградите на земјотрес, па затоа овие иновативни блокови се оптимални за градење на подрачјето на цела Македонија, каде сеизмичката активност е изразена.

Брзина на градењето

Дополнителна предност е димензијата на блокот кој е за 25% повисок од класичниот, па овозможува заштеда на време при градењето до 30%.

Контактирајте нè и дознајте повеќе за иновативните решенија, советувајте се со стручни лица од подрачјето на енергетската ефикасност, испратете проект за бесплатна пресметка на материјалите, дознајте сè за сертифицираните изведувачи на компанијата Wienerberger.

Слични статии