Брусена тула Porotherm PROFI

POROTHERM PROFI
Квалитет, екологија, трајност, сигурност и енергетска ефикасност.

Брусена тула Porotherm PROFI е природен и еколошки прифатлив производ што со право може да се нарече и производ на иднината. Прецизно избрусена од двете страни со контролиран компјутерски процес и е направена од природни производи – глина, песок и струготини, а по употребата може 100% да се рециклира.

Со примена на тулата Porotherm PROFI обезбедуваме 50% побрза изградба, 90% помали трошоци за малтер, 30% подобри топлински својства, минимална употреба на алати и уреди и исклучително чисто градилиште.

За Porotherm PROFI како врзувачко средство се користи револуционерното лепило POROTHERM Dryfix.Extra, производ кој е паралелно лансиран во земјите на ЕУ, како што се Австрија, Унгарија, Словенија, Италија, Германија итн.

Нанесувањето на врзувачкото средство е едноставно и лесно и на тој начин се обезбедува исклучителна брзина на градењето, а поради избегнувањето на „ладните мостови“, се овозможува максимална топлинска заштита. Ѕидањето со POROTHERM Dryfix.Extra можно е и на зима, до -5°С, што значително го продолжува периодот за градење.

POROTHERM Dryfix.Extra е систем за градење кој е повеќепати наградуван на саемите низ Европа, а и на неговото премиерно претставување во Загреб на саемот TEGRA исто така освои награда за квалитет. Комисијата што ја доделува наградата ја сочинуваа еминентни професори од Архитектонскиот и Градежниот факултет, како и експерти од ИГХ од Загреб и од ХГК.

Токму поради експертите што учествуваат во оценувањето на производите, ова е едно од најпрестижните признанија за квалитет во Хрватска.

Компанијата Wienerberger е производител на тули со сертифицирана фабричка контрола на производството, со која се потврдува дека производителот направил почетно испитување на одреден тип производи, дека спроведува постојана контрола на производството и дека овластено тело на Институтот ИГХ го има направено почетниот надзор на фабриката и почетниот надзор на фабричката контрола на производството, како и дека спроведува постојан надзор, проценка и оценување на контролата на производство во фабриката.

Слични статии