Семејна куќа Робиќ

Wienerberger Porotherm Семејна куќа Робиќ
Во питорескното опкружување на шумите на Самобор, сместена е прекрасната класична куќа на приземје градена со системот Portoherm PROFI. По седум години од завршувањето со изградбата, сопственикот не го крие задоволството што му го овозможува секојдневниот живот во домот од соништата.

Категорија
Семејни куќи
 
Датум на завршување
2010 г.
 
Место / Држава
Самобор / Хрватска
 
Архитектонско биро
ДОО „Архитекти Бресквар“
 
Производи
Тула Porotherm PROFI и лепило Dryfix.extra
 
Инвеститор
Приватен инвеститор

 


Куќа што овозможува висок квалитет на живеење

Во питорескното опкружување на шумите на Самобор, сместена е прекрасната класична куќа на приземје градена со системот Portoherm PROFI. По седум години од завршувањето со изградбата, сопственикот не го крие задоволството што му го овозможува секојдневниот живот во домот од соништата.

Системот за градење Porotherm PROFI на компанијата Wienerberger е идеален за градење енергетски ефикасни и нискоенергетски куќи. Многу сопственици на куќи градени со Porotherm PROFI го истакнуваат задоволството од топлинските карактеристики, брзината на градење, пријатната микроклима и смалените трошоци за греење на зима и за ладење на лето. Еден од задоволните инвеститори е и г. Иван Робиќ од околината на Самобор.

Приземната куќа на г. Робиќ е сместена на терен пред кој се протега ненадминлив поглед на околните гори и шуми. Добрата конфигурација на теренот, сопственикот ја искористи за уредување на дворот и на лозјето, што ќе му овозможат секојдневна разонода и прекрасен поглед од терасата. Технологија и екологија под еден покрив.

Куќата на г. Робиќ е класична приземна куќа со подрум, зад чија убава надворешност се крие низа енергетски ефикасни и еколошки решенија. Сопственикот е исклучително еколошки освестен, па тоа и беше една од причините што изборот за градење на куќата падна на системот за градење Porotherm PROFI, чија база ја сочинува блок од тула со дебелина од 42 cm. Поради дебелината на надворешниот ѕид, на куќата немаше потреба да се става топлинска изолација, додека подрумот е вкопан во земјата и од очигледни причини е дополнително изолиран со 6 cm изолација и хидроизолација.

Во дворот, 1,5 m под површината на земјата се поставени цевки за топлински пумпи за греење на куќата. За куќата да биде оптимално еколошки ориентирана, сопственикот се одлучи за собирање на дождовницата во вкопан резервоар од кој водата се користи за полевање на градината и за миење на санитарии. Зад куќата е вграден прочистувач на отпадните води од кој водата се дистрибуира под земјата и ги мие топлинските пумпи за зголемување на нивната ефикасност. Во ѕидовите е вграден систем од цевки за директно полевање на цвеќињата во саксиите на прозорците, со собраната дождовница.

Куќа со приказна

Куќата до подрумот има околу 300 квадратни метри. Во приземјето е сместен дневниот престој, три спални соби, веце и бања. Во подрумот се наоѓаат: просторија за хоби, вински подрум, работна соба, остава и веце. Пријатната микроклима на зима и на лето, чувството дека просторот е „здрав“ и ниските трошоци за греење и за ладење, овозможуваат висок квалитет на живеење. Куќата е изградена во 2010 година, па и по доволно долгата временска дистанца, г. Робиќ и понатаму не го крие задоволството од одлуката за градење со системот Porotherm PROFI.

„За системот Porotherm PROFI се одлучив, пред сè, поради тоа што тулата е природен материјал со одлични термоизолациски својства, кој обезбедува пријатна клима во просторот. Целта ми беше користење на што повеќе природни материјали при градењето на куќата. Кај класичните куќи, на пролет или на есен, кога вратите ќе се остават отворени, знае да се случи просторот брзо да се излади и тогаш внатре да биде поладно отколку надвор. Во мојата куќа го нема тоа. И случајно да ја оставам отворената вратата од терасата, температурата во куќата останува иста, околу 21-22 °C. Тоа е доказ за добрите термоакомулациски својства на тулата Porotherm PROFI. Оваа зима беше навистина ладна, но тоа немаше никакво негативно влијание врз пријатноста и врз температурата во просторот.

На лето внатре е пријатно и не се покажа потреба од клима-уред.“ Господин Робиќ ја прокоментира и брзината на изградбата: „Изградбата на куќата почна во април 2010 година, а во декември таа година беше готова. Со тулата Porotherm PROFI тоа оди многу брзо, глинените блокови се лепат со лепилото Porotherm Dryfix.Extra, а градилиштето е чисто и уредно.“

За крај додаде: „Сè на сè можам да кажам дека сум исклучително задоволен и дека секому би му го препорачал овој систем за градење. Би сакал луѓето да знаат дека со овој систем можат да добијат пријатен и здрав објект што не троши многу енергија. Јас навистина уживам во мојата куќа и гледам дека се исплати да се вложи во ваков начин на градење.“

Слични статии