Tondach ТОНДАХ природно убави и долготрајни покриви!

Vineam – премиум ќерамида во натур-сегментот

Vineam е нова генерација керамичка ќерамида. Целосно природна глинена ќерамида, направена со користење на најквалитетна глина и со нови технологии за нејзина прецизна обработка.

Со векови глинените ќерамиди имаат докажана супериорност во однос на сите останати видови покривки на нашите простори. Глината, како природен материјал, е докажан здрав материјал и не е изненадување што сите ќерамиди на Tondach го носат знакот „еко“.

Vineam – премиум ќерамида во натур-сегментот

Vineam е природна глинена ќерамида со врвен квалитет. Со врвната технологија за нанесување заштитна енгоба на површината на сувата ќерамида, со печење на над 1.000 степени, таа со ќерамидата формира цврста неделива целина. Со тоа не само што се подобрува естетскиот изглед на покривот, туку и со затворањето на порите на ќерамидата се намалува впивањето на водата, се забрзува одводот на дождот и се спречува можноста за појава на лишаи, а сето тоа заедно обезбедува долготрајна постојаност.

При печењето се користи исклучиво природен гас како единствено еколошко гориво без ефект на загадување на околината и на самиот производ. Совршената површина на ќерамидата изработена со оваа технологија, која е видлива и со голо око, се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината.

Што добивате со купување на ќерамидата Vineam

- Со користење на глинената ќерамида Vineam Вашиот простор за живот е подигнат едно скалило погоре во поглед на сите аспекти, затоа што глинените ќерамиди се одлични звучни изолатори, го намалуваат влијанието на бучавата и создаваат пријатно опкружување.

- Ако ја сакате природната боја на глината, Vineam ви овозможува да уживате во неа уште подолго во однос на сите останати глинени ќерамиди.

- Природна ГЛИНЕНА ќерамида со ненадминлива пријатност за здраво живеење во хармонија со опкружувањето, носител на знакот „еко“.

- Зголемена отпорност на надворешните влијанија со зачувување на природната боја на глинената ќерамида при секое време и невреме.

- Цврстина, трајност и издржливост – по покривот може да се оди, а слободно може и да се заигра.

- Прецизност на изработката со длабоки преклопи што оневозможуваат продирање на дожд, снег или ветер – нешто што може да го овозможи единствено глинената ќерамида.

- Љубоморни соседи :)

Ќерамидата Vineam e УБАВА, ИЗДРЖЛИВА и ПРИРОДНА, а покрај тоа ценовно пристапна и достапна на подобро снабдените стоваришта. Едноставно, тоа е ПРЕМИУМ ќерамида во натур-сегментот!

За повеќе технички детали кликнете на:

TONDACH Vineam

Слични статии