Brick Award 2018

Brick Award 2018

Станува збор за една од најпрестижните награди што се доделува на секои две години и опфаќа проекти кои оставаат значаен и траен белег во архитектурата. Следната награда Wienerberger Brick Award ќе биде доделена во 2018 година.

Brick Award 2018

Станува збор за една од најпрестижните награди што се доделува на секои две години и опфаќа проекти кои оставаат значаен и траен белег во архитектурата. Следната награда Wienerberger Brick Award ќе биде доделена во 2018 година.

Проекти што можат да учествуваат на конкурсот

„Brick Award '18“ посебен акцент става на природната интеграција во околината, геометријата, карактерот, но и на квалитетот на зградата и на осветлувањето.

За да може да се конкурира на конкурсот, значителен дел од проектот мора да биде изведен од тула, а завршувањето на изведбата на проектот мора да биде во 2014 година или подоцна. Ќе се оценуваат нови, реконструирани и обновени згради, кои се енергетски ефикасни и еколошки прифатливи.

Проектите мора да објаснат на кој начин ќе се унапреди квалитетот на живеење и да имаат одговорен и одржлив пристап кон архитектурата, а при пријавувањето треба да се назначи за која категорија конкурира објектот.

Категории на проекти:

  • Feeling at home: едносемејни куќи, куќи во низа и помали проекти на групирани куќи градени според високите стандарди на архитектурата, кои нудат комфорни, здрави и одржливи простори за живот.
  • Living together: повеќесемејни куќи – иновативни станбени решенија кои ги имаат земено предвид и предизвиците на модерната урбанизација, како што се недостатокот на простор, општествените предизвици и новите концепти на живеење.
  • Working together: комфорни, естетски убави и функционални деловни згради, канцеларии и индустриски објекти.
  • Sharing public spaces: комфорни, естетски приспособени и функционални јавни згради за образовни, културни и здравствени намени, јавни простори и инфраструктурни проекти.

Building outside the box: иновативни концепти и начини на користење на тулата, користење на нови технологии за градење, посебни видови тули, уникатни тули и посебни украси.

КРИТЕРИУМИ

  • Значителен дел од проектот мора да биде изведен од тули (тули за ѕидови, фасади, плочници, ќерамиди и други глинени производи).
  • Проектот мора да биде номиниран за една од категориите.
  • Годината на завршување на изведбата на проектот мора да биде 2014 година или подоцна.
  • Проектот може да опфаќа нови, реконструирани и обновени згради.
  • Проектот може да вклучува нови и користени тули.
  • Проектот мора да објасни на кој начин го унапредува квалитетот на живеење преку одговорен и одржлив пристап во архитектурата.
  • Употребата на производи од Wienerberger не е услов за учество на конкурсот.

Пријава

Пред номинацијата за меѓународниот конкурс „Brick Award '18“, ќе се спроведе конкурс на регионално ниво Brick Award 17 SEE, на кој експерти ќе ги одберат најдобрите проекти од целиот регион (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово).

Сите трудови пристигнати до април 2017 година, ќе ги оценува стручно жири, кое се состои од реномирани архитекти, членови на Комората за архитекти и просторно планирање на Словенија и на Хрватската комора на архитекти.

Проектите избрани на регионално ниво, ќе бидат пријавени на меѓународниот конкурс „Brick Award '18“! 

За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

Повеќе информации за Brick Award.

Слични статии