Brick Award 2016

Brick Award 2016

Оваа престижна награда се доделува веќе десет години и опфаќа проекти што остваруваат силно и трајно влијание во архитектурата. Со оглед на тоа како тулата, како најстар и најиздржлив материјал, многу често е потценувана во модерната архитектура, во 2004 година почна да се доделува наградата Wienerberger Brick Award, за да се промовираат естетските и функционалните карактеристики на тулата.

Конкурс за најдобри остварувања од тула

Повеќе информации за натпреварот најдете на Brick Award International.

Промоција на естетските и функционалните карактеристики на тулата

Оваа престижна награда се доделува веќе десет години и опфаќа проекти што остваруваат силно и трајно влијание во архитектурата. Со оглед на тоа како тулата, како најстар и најиздржлив материјал, многу често е потценувана во модерната архитектура, во 2004 година почна да се доделува наградата Wienerberger Brick Award, за да се промовираат естетските и функционалните карактеристики на тулата.

Проекти што можат да учествуваат на конкурсот

Brick Award '16 посебен акцент става на природната интеграција во околината, геометријата, карактерот, но и квалитетот на зградата и осветлувањето.

Се оценуваат нови, реконструирани и обновени згради, кои се енергетски ефикасни и еколошки прифатливи. Проектите мораат да објаснат на кој начин ќе се унапреди квалитетот на живеење и да имаат одговорен и одржлив пристап кон архитектурата, а при пријавувањето потребно е да е назначи за која категорија конкурира објектот.

Употребата на материјали од Wienerberger не е услов за учествување во меѓународниот проект „Brick Award '16.

Жирито за оценување ќе ги избере најквалитетните трудови

На конкурсот се оценуваат примери од најквалитетно реализирани архитектонски решенија, во кои на исклучителен и иновативен начин во поглед на изведбата и технологијата се користат тули за ѕидови, фасади, плочници, ќерамиди и други глинени производи.

Целта на конкурсот е да се изберат најмногу пет најдобри трудови од Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, кои ги оценува жирито за оценување, составено од реномирани архитекти од Хрватската комора на архитекти, Комората на словенечки архитекти и од компанијата Wienerberger, кои ќе се номинираат за BRICK AWARD '16.

Категории за номинирање

Одбрани се следните категории во кои можат да се номинираат проекти:

  • Станбени згради (семејни и повеќестанбени);
  • Згради за јавна намена – отворени за јавна употреба, за едукативни или социјални цели;
  • Реконструкција – креативни и инспиративни примени за пренамена на објекти;
  • Објекти во урбаното опкружување – следејќи го трендот на урбанизација и ограничените можности за просторно ширење, проектите ставаат акцент на иновативните пристапи со истовремено почитување на постоечките ситуации и на опкружувањето;
  • Одржлива интеграција – објекти кои се одлично интегрирани во околината, користат локални ресурси, општествено се одговорно и еколошки освестени.

Спроведување на конкурсот

Конкурсот се спроведува на две нивоа – регионално и меѓународно.

Право на учество на конкурсот имаат сите архитекти чиј проект е реализиран во Хрватска, Словенија или Босна и Херцеговина.

Слични статии